Оваа алатка е наменета само за вежбање и вие сепак ќе треба да гласате на сојузните избори.
Оваа алатка за вежбање како да гласате е дизајнирана за да ви помогне да го доставите вашиот важечки глас за Сенат. Оваа алатка е наменета само за вежбање и вие сепак ќе треба да гласате на сојузните избори. Алатката користи примерок на гласачки лист. AEC ќе ги објави имињата на кандидатите и партиите за сојузните избори во текот на изборниот период.
Изберете броеви користејќи ги паѓачките полиња во квадратчињата на примерокот од гласачкиот лист. Кога сметате дека сте завршиле со правилно гласање, кликнете на копчето 'check my ballot paper' („провери го мојот гласачки лист“) кое се наоѓа на дното од гласачкиот лист. За да поднесете важечки глас за Сенатот, можете да изберете да гласате над линијата или под линијата.
Ставете броеви во најмалку 6 квадратчиња за партиите или групите по редослед според ваш избор (со бројот ‘1’ како ваш прв избор).
Ставете броеви во најмалку 12 квадратчиња за поединечни кандидати по редослед според ваш избор (со бројот ‘1’ како ваш прв избор).
Можете да ставате дополнителни броеви во колку што ќе изберете квадратчиња кога гласате над линијата (т.е. повеќе од шест квадратчиња) или под линијата (т.е. повеќе од дванаесет квадратчиња).